Застапништва

Insoco

Insoco e шпанска компанија која произведува лепаци и има широк асортиман на производи за различни индустрии. Индустријата за обувки отсекогаш била нејзин главен пазар, и со тоа Insoco е една од водечките фирми во својата област. Покрај тоа, Insoco има развиено растечки опсег на лепила за употреба во други индустрии: кожа и чевли, дрво и мебел, тапацирање, автомобилска индустрија, градежна индустрија итн.

H.B. Fuller

H.B. Fuller е водечки глобален снабдувач на лепила. Фокусот на компанијата е усовршување на техниката на производство на лепила, подобрување на квалитетот на лепилата, производство и дистрибуција на адитиви и други специјални хемиски производи за подобрување на производите. Компанијата дава огромен акцент на зачувување на еколошката средина. Connecting What Matters - Поврзување на она што е важно!

Titebond

Производите на Titebond се развиени и произведени од една од најстарите и најпочитуваните компании за лепила во светот, Френклин Интернешнл. Производите, како и името Titebond, го издржаа крајниот тест: тестот на времето. Со седиште во Колумбус, Охајо, САД, Френклин Интернешнл е основана во 1935 година и денес е меѓу најголемите приватни производители на лепила и полимери за комерцијална и индустриска употреба.

FSG Schäfer

FSG SCHÄFER GMBH е германска фамилијарна компанија основана во 1989 година и оперира најмногу во машинската индустрија. Со нивното долгогодишно искуство во производство и услужна дејност ја заслужуваат довербата скоро низ цела Европа. FSG Schäfer е Ваш партнер за сите видови материјали за поправка и средства за чистење на секакви површини.

Acmos

ACMOS е германска компанија со долгогодишно искуство, која развива и произведува средства за чистење , специјални премази и средства за пластичната индустрија, преработката на дрво, леарници и индустријата за стакло. Успехот на нивната компанија се заснова на задоволството на нивните клиенти, уште од далечната 1909 година кога прв пат ја основале Фондацијата на „Хајнрих Тиетјен и Ко“.

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.

© 2025 Vendor x Т-прогрес   

Vendor Logo